Adut Akech Bior, 19-годишен модел со суданско потекло, според изборот на Models.com Industry Award е прогласена за најдобар модел на светот и со тоа ги тргна од пиедесталот Џиџи и Бела Хдид.
Ова признание го доби откако отворено проговори за своите проблеми и справувањето со анксиозноста и депресијата.
Кариерата како модел ја започнала на 16 години.
Честитајќи им ја Новата година на своите фанови, Adut Akech нагласува дека ќе се бори со своите проблеми и дека ќе се труди и понатаму успешно да ја гради својата кариера.
Родена е во камп за бегалци во Јужен Судан, а во Австралија стигнала кога имала 7 години.
Во јули минатата година беше втората црна девојка избрана за Шанелова девојка во последните 14 години.