Сцена

Страшниот Chucky се враќа на филмското платно со новиот хорор “Child’s play”

Култниот филм “Child’s play” во кој куклата Чаки е олицетворение на злото, се враќа повторно на сцена со римејк верзија која ќе се прикажува во кината од јуни оваа година.

Chucky е кукла која го има рекордот по број на филмови во кој се појавил. До сега се појавил во шест хорор филмови режирани од  Том Холанд.

Новиот хорор филм со Чаки кој го има истиот наслов како првата верзија – “Child’s play”, e режиран од норвешкиот режисер Ларс Клевберг, а е правен по сценариото на Дон Манцини и Тајлер Бартон Смит.

Новата верзија е римејк во кој Чаки е прилагоден на модерното време.

“Мајка подарува кукла на својот син, несвесна за нејзината злобна природа”, се наведува во најавата на филмот.

Во новиот “Child’s play” улогите ги толкуваат Обри Плаза, Брајан Тајри Хенри, Габриел Бејтмен, Дејвид Луис и други.

Премиерата на римејкот е закажана за 21 јуни во САД, а после тоа филмот тргнува во кината низ светот.

Слични написи

Лејди Гага освои Златен глобус

admin

Моќниот Тор се повлекува од Холивуд

Biba

Излезе официјалниот трејлер на римејкот на Lion King

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.