Спорт

Страшен пад на двократната светска шампионка

 

Денешниот ден во Кран Монтана ја донесе прва победа во спуст оваа година за Италијанката Софиа Џоџиа, но донесе и незгода за двократната светска шампионка, Словенката Илка Штухец.

Словенечката скијачка на средина од патеката изгуби контрола и заврши во заштитната ограда. Сепак, успеа да се соземе, да се исправи на нозе и да се спушти до целта.

По пристигнувањето на целта се пожалила на болка во колената, и по завршените прегледи е констатирано дека има повреди на задниот вкрстен лигамент на левото колено.

Ова е повреда поради која ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Погледнете го видеото од нејзиното паѓање.

 

Слични написи

Вториот најбрз нокаут во историјата на UFC

Biba

Дванаесет руски атлетичари се суспендирани поради допинг

Biba

Работнички им ја зема победата на Металург 2

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.