Select Page

Стивен Хокинг на британската монета од 50 пени

Стивен Хокинг на британската монета од 50 пени

 

Британците решија друштвото на научници кои се најдоа на монети да го збогатат со ликот на Стивен Хокинг. Во ова друштво се наоѓаат и Исак Њутн и Чарлс Дарвин.

Стивен Хокинг – брилијантен ум, теоретски физичар, остави прекрасни достигнувања зад себе. Поради тоа, Британците оваа година ќе издадат монета од 50 пени со неговото име и и графика од концентрични кругови што го симболизираат неговото истражување на црните дупки и едно од неговите најголеми достигнувања, равенката која ја открива ентропијата на црните дупки.

Хокинг почина на четиринаесетти март минатата година на 76 години.

Дизајнерот на монетата, Едвина Елис, појаснува дека сакала да ја смести црната дупка на малата површина од монетата посакувајќи Хокинг и понатаму да размислува за проблемот. Посакувала монетата да покаже како познатиот научник овозможил тешки теми да бидат попристапни, поинтересни и поразбирливи.

“Привилегија е кога некој ќе биде почестен неговите дела да се претставени на монета. Верувам дека мојот татко би бил исклучително задоволен што е во друштвото на Дарвин и Њутн”, изјави на презентацијата на монетата неговата ќерка Луси.

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.