Забава Избор на уредникот

Според експертите, луѓето постари од 40 години не би требало да работат повеќе од 3 дена во неделата

Според податоците добиени од Household, Income and Labour Dynamics, Институтот за применета економија и социјални истражувања од Универзитетот во Мелбурн направиле анализа и дошле до заклучок дека лицата постари од 40 години не би требало да работат повеќе од 3 дена во неделата.

Резултатите се добиени откако се следени навиките на 3000 мажи и 3500 жени. Во текот на студијата истражувачите барале од испитаниците да извршуваат когнитивни тестови, ги анализирале нивните работни навики, паметењето, начинот на аргументирање и донесување на заклучоци.

При когнитивните испитувања од учесниците се барало да го читаат текстот наназад, зборовите на глас и да спојуваат бројки со букви во одредена временска рамка. Тестовите биле успешни во временската рамка до 25 работни часа. Кога временската рамка ги надминала тие 25 часа, успешноста на тестовите опаѓала подеднакво и кај жените и кај мажите.

За изненадување е тоа што лицата што имаат работно време од 55 часа неделно, имале полоши когнитивни тестови од пензионерите и невработените.

Според професорот по економија Колин Мекензи од Универзитетот Кеи,  разликата во работното време се важна за когнитивната функционалност на средовечните и постарите лица и дека скратеното работно време би извлекло поголема продуктивност од нив.

Можеби ќе ве интересира

Во кој дел од денот телото троши најмногу калории?

Biba

Отстранете го бигорот едноставно и брзо без триење

Biba

Елитните руски воени падобранци за првпат со скок од 10.000 метри

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.