Здравје

Спиењето покрај вклучен вентилатор е лоша идеја

Спиењето за време на летните горештини може да биде многу тешко. Луѓето посегнуваат по различни решенија, па дури и ги вклучуваат вентилаторите за да не се будат ноќе облеани во пот.

Експертот за спиење Марк Редик вели дека тоа има свои недостатоци, но и некои предности. „Вентилаторот ја контролира температурата во просторијата, обезбедува циркулација на воздухот и произведува ‘бел шум’, т.е. звуци за кои е познато дека смируваат“, вели Редик и истакнува дека тоа може да предизвика и алергиски реакции. „Во воздухот има многу прашина и полен, кој со дувањето на вентилаторот полесно влегуваат во вашите синуси. Луѓето кои имаат алергии, астма и поленска треска, секако би можеле да се најдат во неволја доколку спијат покрај вклучен вентилатор“, тврди Редик.

Друг проблем што се јавува е сувиот воздух произведен од вентилаторот, кој може да ги исуши кожата и грлото и да предизвика иритација на очите, особено кај луѓето кои носат леќи. Таквиот воздух може да влијае на носните канали и синусите, што може да доведе до акумулација на слуз и главоболки. Поради студениот концентриран воздух, можете да се разбудите и со грчеви и мускулна напнатост.

„Постојат начини да се разладите ноќе без помош на вентилатор. Во текот на денот затемнете ја просторијата, пијте постудена вода, избегнувајте алкохол и кофеин, користете памучни чаршафи и туширајте се со ладна или млака вода“, предлага овој експерт. За оние кои сепак ќе одлучат да користат вентилатор, советува да замрзнат неколку шишиња вода. „Кога ќе бидете подготвени за спиење, ставете ги шишињата пред вентилаторот и ќе почувствувате постуден воздух. Инвестирајте во вентилатор што се ротира, но не дува директно во вас и не го држете вклучен цела ноќ“, заклучува тој.

Повеќе совети како да спиете кога ви е жешко прочитајте во овој напис.

Слични написи

Како да го избегнете топлотниот удар и последиците од него

dart

Зошто ве болат забите иако немате кариес

Biba

Постапка при убод од пчела, доколку сте алергични

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.