Пракса е луѓето да спијат во пижами или во долна облека, и малку е познато дека ако спиете без облека со сигурност може позитивно да влијаете на своето здравје, својот сон, но и на зголемување на сексуалниот потенцијал.
Спиењето без облека дефинитивно влијае позитивно, и тоа:
- Ќе заспиете побрзо. Доколку сакате побрзо да заспиете, потребно е да ја снижите телесната температура, бидејќи така телото сигнализира дека е време за спиење, а еден од начините да го направите тоа е да ја соблечете облеката пред спиење и да легнете во кревет.
- Ќе имате поквалитетен сон. Снижувањето на телесната температура, освен побрзо заспивање, ќе ви овозможи и поквалитетен сон.
- Се подобрува односот со партнерот. Според истражувањето на Котон од САД, спроведено во Англија на 1000 возрасни испитаници кои биле во брак или во врска, неверојатни 57 % од луѓето што спиеле голи изјавиле дека се потполно задоволни со својата врска.
- Ќе ги намалите стресот и анксиозноста. Окситоцинот кој се ослободува при емотивен контакт на партнерите кожа со кожа го намалува нивото на стрес.
- Ќе бидете сексуално поактивни. Дефинитивно е докажано дека доколку со партнерот спиете голи во кревет, шансите за секс се големи.
- Ќе го подобрите вагиналното здравје. Спиењето без облека го подобрува вагиналното здравје кај жените. Без облеката вагината има шанса да “дише” со што се придонесува за нејзиното општо здравје. Исто така, познато е дека тесната долна облека доведува до потење, а со тоа до потенцијални габични инфекции.
- Ќе ја зголемите самодовербата. Спиењето без облека е одличен начин да се навикнете на своето тело. Докажано е дека само еден час во денот без облека по дома доведува до подобрување на перцепцијата за своето тело, а со тоа се зголемува и самодовербата.