Први декември е денот кога во Вилнус официјално започнува одбројувањето до Божиќ. За таа пригода се украсува големата божиќна елка на плоштадот кај познатата катедрала, базиликата на Светите Станислав и Ладислав.
Изминатите години Вилнус привлече големо внимание на светската јавност поради уникатното китење на Божиќното дрво. Гледајќи одозгора, елката е украсена во форма на часовник. За украсувањето на елката и плоштадот се употребени сијалички и светлосни украси во најразлични форми. Кога ќе се собере должината на целото осветлување што се користи, се доаѓа до должина од спектакуларни пет километри. Целиот период од 1 до 31 декември на градскиот плоштад кај катедралата и во целиот град е подреден на одбројувањето до Божиќ.
Стариот град заштитен од UNESCO е преполн со украси и сувенири. Постетата на Вилнус во декември ќе ви приреди уникатно искуство.
Погледнете како изгледа Вилнус во декември.