Иако просечниот американски возач годишно поминува 22.530 километри, Фара Хаинс со својата Хјундаи Елантра од 2013 година до сега поминала дури 1.609.344 километри. Таа е доставувач на автоделови од Канзас и просечно на годишно ниво поминува 321.868 километри.
По сите поминати тестирања од страна на Хјундаи за вистинитоста на поминатите километри, тие решиле да ја наградат Хаинс со нова Елантра, со посебен амблем креиран само за неа на инструмент таблата.
Од Хјундаи по повод овој настан изјавуваат дека тоа е доказ за апсолутниот квалитет на нивните возила.