Скоро 30 години откако бремена и гола се појави на насловната страна на магазинот Vanity Fair, Деми Мур се соблече за Harper’s Bazaar.
Во ноември оваа година таа ќе наполни 57 години, но судејќи по изгледот и виталноста, како да има многу помалку.
Познатата актерка се појави гола на насловната страна на Harper’s Bazaar, а истата фотографија е поставена и на нивниот инстаграм-профил, но и на личниот профил на Деми, каде за релативно кратко време собра дури 40 000 лајкови.
https://www.instagram.com/p/B2T60NinRhV/?utm_source=ig_web_copy_link
Една од причините за нејзиното разголување е скорашното појавување на нејзината книга “Inside out” во која раскажува за нејзините борби, книга во која разоткрива сè.