Потребни состојки:
2 чаши шеќер
1 чаша путер (или маргарин)
1/2 чаша какао
1 лажичка екстракт од ванила
4 јајца
1 1/2 чаша брашно (може и само 1 чаша)
1/2 лажичка прашок за пециво
1/2 лажичка сол
1/2 чаша ореви
1 чаша = 200 мл
Начин на подготовка:
- Стопете го путерот и во него додајте ги шеќерот, какаото и ванилата. Со жица за матење измешајте убаво да се стопи шеќерот и да се изедначи смесата.
- Потоа додајте ги јајцата, брашното, прашокот за печиво, солта и исечканите (или на четвртинки) ореви и со лажица убаво измешајте.
- Печете во намастено тавче околу 30 минути на 175 степени Целзиусови.
На здравје!