Психологија

Социјалните мрежи се одговорни за нарушувањето на спиењето кај децата

 

Сè повеќе деца страдаат од нарушувања на сонот, проблем кој научниците го поврзуваат со користењето на социјалните мрежи и дигиталните уреди непосредно пред спиење. Тие напоменуваат дека претераното користење на Инстаграм, Фејсбук. Твитер и Снепчет, може да се поврзе со развојот на некои ментални нарушувања како што е депресијата, но и со дебелина.

Според податоците на британскиот Државен здравствен завод, во последните 6 години бројот на деца хоспитализирани заради нарушување на спиењето значајно пораснал. Меѓу младите до 16 години, тој број од 6.520, во последните 5 години пораснал на 9.429. Во останатите возрасни групи на деца, вакво зголемување не е забележано.

Некои стручњаци сметаат дека социјалните мрежи не треба да се демонизираат, туку да се научат родителите да им постават граници на децата во нивното користење.

“Сите знаеме дека синото светло од мобилниот телефон го нарушува сонот, но мислам дека, после бројните предупредувања, за ненаспаното дете е одговорен родителот”, вели експертот за “дигитална детоксификација” Тања Гудин, автор на книгата “Stop staring at screens” (Престанете да зјапате во екрани).

И нејзината колешка Вики Досон ја истакнува важноста на правилата на родителот кога станува збор за одењето во кревет и користењето на компјутерите/смартфоните непосредно пред спиење.

“Навиката за легнување секогаш во исто време е предуслов за добар сон. На лошиот квалитет на спиењето, заедно со паметните телефони, може да влијае и лошата прехрана, на пр. јадење слатки и пиење енергетски пијалаци непосредно пред легнување”, потсетува Досон.

Мајкл Фаркар, стручњак за медицина на спиењето и сонот во лондонската детска болница Евелина, нагласува дека меѓу децата денес владеат две епидемии кога се работи за здравјето, тоа се дебелината и менталните нарушувања, а и двете доведуваат до нарушување на спиењето.

“Отсекогаш сме верувале дека ненаспаноста е последица на дебелината, но во последно време има сè повеќе докази дека всушност ненаспаноста придонесува за таложење на килограмите. Кога детето е ненаспано организмот реагира со хормонален дисбаланс кој влијае на апетитот и на чувството за глад. Затоа, кога децата се многу уморни и ненаспани посегнуваат по нездрава храна”, вели Фаркар.

Тој додава дека сонот може да го наруши и анксиозноста, но и обратно – ненаспаноста може да придонесе да се појави анксиозност.

“На децата од најраното животно доба им е потребна конзистентна рутина во повеќето работи. Постепено намалување на активностите кон крајот на денот, при што треба да се намали и употребата на паметните телефони, посебно непосредно пред легнување”, смета тој.

Важно е на детето да му се постават одредени ограничувања и да се следи на кој начин ги користи содржините на интернет. Ограничувањата и правилата се многу важни за поставување на јасни граници и за учење на самоконотрола кај децата, но не смеат да бидат единствени методи на воспитување.

 

Слични написи

Зошто тинејџерите не ги слушаат родителите?

Biba

Стресот може да доведе до собирање на мозокот и проблеми со помнењето

admin

Експерт советува десет правила за успешна комуникација

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.