Според францускиот весник Le Parisien, сопствениците на фудбалскиот клуб PSG размислуваат за купување на италијанскиот прволигаш Roma. Како причина го наведуваат незадоволството на сопствениците од успехот што PSG го прикажал во Лигата на шампионите.
Qatar Sports Investment на чело со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани, не се задоволни од напредокот и успехот на францускиот PSG, особено поради големите суми вложени во клубот. Наводно, емирот смета дека во моментов PSG му го нарушува угледот на светската сцена.
Истовремено, Qatar Sports Investment, како што се наведува во францускиот весник, е во преговори за преземање на италијанскиот клуб Roma од претседателот Џејмс Палоте или барем за инвестирање во клубот по пат на голем спонзорски договор. Но, според Палоте, таквите информации се невистинити.