Здравје

Сончањето во солариум го зголемува ризикот за добивање на рак на кожата

 

Многу студии покажале дека користењето на уреди за потемнување на кожата е поврзано со зголемен  ризик за развој на повеќе типови рак на кожата и на очите, предвремено стареење на кожата и развој на катаракта.

Луѓето кои се сончаат во солариум имаат за 20 % поголем ризик да заболат од најтешкиот облик на рак на кожата – меланом, отколку оние кои не го користат солариумот, предупредува Меѓународниот институт за истражување на превенцијата.

Повеќе од 5 % од 64 000 нови случаи кои секоја година се дијагностицираат во ЕУ се припишуваат на “кварцањето” во солариум, а ризикот е двојно поголем кај луѓето кои со таа практика почнале пред 35-тата година. Секоја дополнителна сеанса во солариум годишно, го зголемува ризикот од меланом за 1,2 %.

Стручњаците од Институтот се залагаат за построго регулирање на оваа област и ограничување на пристапот за деца во салоните со солариуми.

Како функционираат вештачките уреди за потемнување на кожата?

На истиот начин како што Сонцето емитира ултравиолетово (УВ) зрачење, вештачките апарати за сончање како што се солариумите и ламбите за сончање, исто така емитираат УВ зрачење.

Една заблуда промовирана од индустријата за домашно потемнување е дека уредите за сончање емитираат само “безбедни, потемнувачки” зраци од УВ радијацијата. Меѓутоа, вистината е дека не постои безбедна УВ радијација. Кожата потемнува кога е оштетена од ултравиолетовата светлина. Таа не се грижи за тоа од каков извор доаѓа светлината и дали некој го означил тој извор како “безбеден”. Ако кожата ви е потемнета, тоа е затоа што веќе настанало нејзино оштетување и кожата се обидува да се заштити и да превенира следно такво оштетување.

Изложувањето на висококонцентрирани УВ зраци од солариумот може да биде уште поопасно отколку изложување на сонце. Солариумот може да емитира до 15 пати посилна УВ радијација отколку што ја има летното сонце во најтоплиот период од денот. Единствената разлика е што во солариумот може да се контролира специфичниот тип и квантитет на УВ радијација.

Уреди за фототерапија

Вештачкото зрачење смее да се користи единствено во медицинските процедури со фототерапија. Овој процес на изложување на телото на УВ зрачење може да биде корисен во третирање на некои состојби и заболувања на кожата, како што е дерматитисот и псоријазата. Овие третмани треба да се одвиваат строго под надзор на медицинско лице.

 

Слични написи

Пијте го овој напиток секое утро и салото околу стомакот ќе исчезне додека трепнете

dart

Чоколадото како лек за кашлање, астма и висок крвен притисок

Biba

Јаткастите плодови го намалуваат нивото на холестерол во крвта

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.