Љубов и секс

Совети за „првиот состанок“ со родителите на вашиот партнер

 

Запознавањето на родителите на партнерот претставува сериозен чекор напред во врската. Логично е да ни биде важно што мислат тие за нас и не е чудно ако сакаме да ги импресионираме. Можете да замислите како ве набљудуваат, одмеруваат и проценуваат, па прочитајте ги следните совети кои ќе ви помогнат во таа ситуација.

Изглед. Изгледот игра голема улога во првиот впечаток. Тоа не значи дека треба да дојдете облечени и нашминкани како за на свадба, напротив, бидете опуштени, но културни. Најважно е да изгледате уредно и чисто, и да одберете комбинација на облека која убаво ви стои. Одбирањето на вистинската боја, исто така, може да влијае на впечатокот кој ќе го оставите.

Комплименти. Ласкавите зборови им годат на сите, а луѓето автоматски се развеселуваат кога ќе добијат комплимент. Бидете дарежливи со комплиментите и направете пријатна атмосфера, но немојте да се форсирате и да им се умилкувате. Родителите веќе ги имаат видено тие сцени и ќе препознаат ако сте неискрени и извештачени.

Помош. Ако вечерате во домот на партнерот обидете се да бидете корисни без да се наметнувате. Прашајте дали може да помогнете во местењето на масата или во раскревањето. Родителите најверојатно ќе ја одбијат помошта, но ќе го ценат тоа што сте се понудиле.

Однесување. Можеби во вашата трпезарија обожавате да ја сркате супата од првиот сад што ќе ви дојде до рака, но на „првиот состанок“ со родителите тоа не е пожелно. Се разбира, не мора да имате манири како да се наоѓате на прием кај кралско семејство, но да го знаете основниот бон тон секако ќе ви биде од корист. Немојте да му искажувате љубов на партнерот или да му „висите“ на врат пред родителите. Тоа сигурно нема да им биде пријатно да го гледаат.

Разговор. Прашајте ги за мислење на некоја тема, или прашајте ги како би постапиле тие да се на ваше место во некоја дилема што ја имате. На овој начин ќе покажете дека нивното мислење ви е важно и дека го цените нивното животно искуство.

Најважно од сè е да не глумите и да бидете опуштени. Не мора премногу да се трудите, бидете тоа што сте. Половина од „освојувањето“ на неговите родители ќе го заврши вашиот однос кон нивното дете, затоа не се оптоварувајте со секоја ситница.

 

 

Можеби ќе ве интересира

Мажите со брада се попривлечни за жените

admin

Причини зошто не би требало да имате секс во вода

Biba

Колку пати неделно имаат секс среќните парови

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.