Совети за нега на косата во лето

 

Има ли нешто подобро од топли сончеви денови, летни фустанчиња и ладна лимонада? Но, убавото лето може да донесе и непријатни моменти поврзани со косата, како што се оштетување на косата, мрсење на скалпот, па дури и да ја позелени косата ако често и долго се капете во базен. Следуваат неколку едноставни совети за нега на косата во врелите летни денови.

1. Не ја мијте косата секој ден

Со секојдневното миење на косата ги отстранувате природните масла кои ги лачи скалпот, а со тоа се поттикнува уште побрзо мрсење на кожата на главата. За контрола на мрсењето на косата измешајте 2-3 лажици кокосова вода со сок од еден лимон и со оваа смеса 5 минути масирајте го скалпот. Потоа исплакнете ја косата темелно со млака вода и ако сте во можност повторувајте го овој третман еднаш неделно.

2. Намалете го изложувањето на хлор

Со честото капење во базен косата се подложува на дополнително оштетување од хлорираната вода. Ако ви е косата бојадисана, може да добие чудна зеленкаста нијанса заради хлорот. Сувата коса делува како сунѓер, па затоа е добро пред влегувањето во базен да ја наводените косата со обична вода, така што кога ќе влезете во базен косата ќе апсорбира минимални количина на хлор. По излегувањето од базен исплакнете ја косата со обична вода во која ќе додадете јаболков оцет за дополнително да го ограничите штетното влијание на хлорот.

3. Намалете го изложувањето на жештина

Ако планирате да го поминете поголемиот дел од денот на сонце или на плажа, претходно нанесете кондиционер со длабоко дејство кој содржи заштитен фактор од сончевите зраци и покријте ја косата со шешир. Друг начин да ја заштитите косата од прекумерна жештина е да го сведете на минимум користењето на фенот.

4. Потхранете ја косата со кератин

Бојадисаната коса може да се оштети и уништи од солената вода и од сонцето. Топлината и сонцето ја оксидираат бојата и ја пресушуваат косата. Кератинскиот третман ќе ја ревитализира и рехидрира косата, значајно подобрувајќи ја нејзината состојба.

4. Скротете ја непослушната коса

Секоја девојка знае како изгледа косата во влажни денови. За да го избегнете разлетувањето на поединечни прамени, виткањето на косата и неуредниот изглед, во едно шишенце измешајте арганово масло и вода. Оваа мешавина ќе ја потхрани косата и ќе ги измазни немирните прамени. Наместо обична четка користете чешел со два реда широки запци или пред чешлање испрскајте ја четката со мешавината од арганово масло и вода па потоа поминете со неа низ косата.

 

Забрането е копирање на текстот!