Select Page

Совети за борба против мамурлак во новогодишните и божиќните празници

Совети за борба против мамурлак во новогодишните и божиќните празници

 

Деновите што следат, предновогодишните, новогодишните забави и божиќните славја се прекрасни, но доколку претераме со алкохолот знаат да ни приредат маки следниот ден.

Совети за прва помош за следниот ден по славењето, можат многу да ви помогнат.

  • Јадењето пред забавата и пред консумирањето алкохол може да го спречи мамурлакот. На пример, чинија со јаглехидрати во облик на тестенини, пица или хамбургер. Маснотијата што ја содржат ќе го успори навлегувањето на алкохолот во крвта. Јадењето солени стапчиња, бадеми, ореви или лешници, ќе го снабдат организмот со додатна сол и минерали кои го извлекуваат алкохолот од телото.
  • Подалеку од благи алкохолни пијалаци како ликер, варено вино и благи коктели. Пијте алкохол што содржи најмалку шеќер. Во меѓувреме, напијте се горчлив безалкохолен пијалак. Таквите пијалаци го поттикнуваат работењето на црниот дроб, желудникот и системот за варење, кои можат да го ублажат мамурлакот.
  • Не пушете. Избегнувајте да пушите додека консумирате алкохол, затоа што никотинот го снижува нивото на алкохол во крвта и се добива чувство дека не сте пијани, па продолжувате да пиете и да внесувате алкохол. Тогаш мамурлакот е неизбежен.
  • По секоја чаша алкохолен пијалак, напијте се чаша вода. Алкохолот ја извлекува водата од организмот и предизвикува дехидрирање. Најдобро пред заспивање да испиете поголема количина вода за да ја надоместите изгубената поради алкохолот.
  • Доручек со сол и витамини ќе ви помогне да се извлечете од мамурлакот. Гладот на организмот за сол по ноќ помината во пиење алкохол е голема. Задоволете ја со солена супа, кисели краставички, јогурт.
  • Свеж воздух секогаш помага поради тоа што со тоа внесуваме количина на кислород која го регенерира организмот. Ако сте во состојба да трчате, тогаш направете го тоа за да се препотите. Потењето го чисти организмот од алкохолот.
  • Борба против лошиот здив после алкохол. Листови магдонос заедно со миење на забите и плакнење на устата ќе ви помогне да се ослободите од лошиот здив. Неколку капки лимон со минерална вода, исто така може да ви бидат од корист.

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.