Здравје

Смоквите се извор на витамини и носат многу здравствени придобивки

Смоквите, вкусните плодови на листопадни дрвја од родот на фикусите, се дел од човечката исхрана со векови. Ова овошје во форма на солза најдобро успева на Блискиот исток и Медитеранот и се препорачува да се консумира за многубројни здравствени придобивки.


Смоквите може нормално да се јадат свежи и сушени, а нивната природна сладост ги прави совршена замена за шеќер во колачи и пити. Виолетовата или зелената кора од смокви е исто јадлива како и нивната розова внатрешност. Освен што се вкусни, тие се и многу здрави, а прочитајте подолу какви придобивки имаме од нив.

Смоквите содржат неопходни хранливи состојки за нашето тело

Смоквите се одличен извор на калциум, магнезиум, железо и витамини А, К и Б6. Тие се полни со растителни влакна, феноли и флавоноиди и содржат голема количина на антиоксиданси кои спречуваат и ја намалуваат штетата што слободните радикали им ја прават на клетките.

Смоквите помагаат во намалување на крвниот притисок и холестерол

Ако се грижите за здравјето на вашето срце, тогаш треба често да внесувате смокви во вашата исхрана. Докажано е дека тие можат да влијаат на намалување на крвниот притисок, но и на нивото на холестерол.

Смоквите се добри за дијабетичари

Иако овие плодови имаат големи количини на природен шеќер, тие воопшто не се лоши за дијабетичарите. Студија од 1998 година открива дека умерената употреба на смокви ги намалува инсулинските потреби за 12 проценти.

Смоквите поттикнуваат подобро варење

Смоквите веќе долго време се користат како природен лек за проблеми со запек. Тие се корисни за овие цели, бидејќи содржат растворливи влакна, што е добро за здравјето на цревата.

Смоквите се добри за кожата

Кремите кои содржат суви екстракти од смоква помагаат во борбата против егземата и сувата кожа. Поради содржината на антиоксиданси во смоквите, тие се добар сојузник и против брчките.

Можеби ќе ве интересира

Некои од најопасните бактерии живеат во вашиот туш

Biba

Чоколадното млеко е подобро од спортските енергетски пијалаци

Biba

Климатските промени ја продолжуваат сезоната на алергии и ја зголемуваат концентрацијата на полен

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.