Љубов и секс

Смеете ли да имате секс кога партнерката има менструација?

 

Смеете ли да имате секс кога партнерката има месечен циклус? Ова прашање е табу за многу парови.

Колку и да се чини дека кога е во прашање сексот не постојат табуа, во моментот кога ќе се спомене темата “секс за време на менструација” – се појавуваат милион прашалници.

Многу истражувања кои биле спроведени во последниот период покажуваат дека дури 20% од паровите практикува секс и за време на месечниот циклус на жената, а 50% од испитаниците немаат никаков проблем со секс во тој период.

Лекарите даваат зелено светло, а на партнерите е да решат дали ќе практикуваат секс и тогаш.

  • Жената е возбудена. Во периодот кога жената има менструација нејзиното либидо осетно се засилува. Поточно, на третиот ден од циклусот нивото на естроген и тестостерон – хормони што ја зајакнуваат сексуалната желба – расте, а тоа ја прави жената посебно возбудена.
  • Непријатности со хигиената. Дури и кога жената е расположена за секс во тие денови, на многу мажи им изгледа нехигиенски. Како објаснување за сите што го имаат тоа мислење, е тоа што е докажано дека менструалната крв е почиста од многу телесни течности, а гинеколозите советуваат да се избегнува секс вториот и третиот ден само доколку крварењето е појако. Хигиената пред и после сексот во тој период ви овозможува слободно практикување на секс.
  • Забременување? Можеби. Важно е да се знае дека доколку имате секс во периодот на циклусот и доколку мажот ејакулира во жената, постои шанса за забременување, бидејќи сперматозоидите можат да преживеат во телото на жената до седум дена.
  • Практикувањето секс за време на месечниот циклус ја намалува болката во стомакот. Некои жени избегнуваат секс за време на менструација поради болките. Но, токму заради тоа би требало да го практикувате во тој период. Имено, сексуалните активности благотворно делуваат на грчењето на мускулите и болката, бидејќи при таква активност мускулите се опуштаат и не се напнати, додека при оргазам се испушта ендорфин и допамин кои делуваат како природни аналгетици и даваат чувство на задоволство.

 

Слични написи

Девет работи што можат да го оштетат кондомот за време на сексот

Biba

Фантазирате ли за еротска масажа?

admin

Може ли да сакате двајца мажи во исто време?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.