Потребни состојки:
400 мл слатко кондензирано млеко, ладно од фрижидер
450 мл слатка павлака, ладна од фрижидер
1 лажичка екстракт од ванила (опционално)
2 лажици топла вода
1 лажица еспресо во прав
45 г пишкоти искршени на парчиња
45 г грубо исечкано чоколадо
Начин на подготовка:
- Во мал сад растворете го еспресото во топлата вода и тргнете го на страна.
- Со миксер на најсилна брзина изматете ја слатката павлака да стане цврста. Намалете ја брзината и додајте ги кондензираното млеко и екстрактот од ванила. Потоа вратете ја брзина на матење на најсилно и матете ја оваа смеса додека да стане цврста.
- Додајте го раствореното кафе и измешајте да се изедначи бојата.
- Во смесата за сладолед додајте ги пишкотите и чоколадото и со лажица измешајте сè заедно.
- Сладоледот ставете го во замрзнувач најмалку четири часа пред да го сервирате.
На здравје!