Гастрономија

Сладолед со боровинки и бисквити

Потребни состојки:

400 г боровинки

150 г шеќер

 ½ лажица цимет

2 лажици вода

1 л павлака за готвење

800 г засладено кондензирано млеко

1 ½  лажиче ванила (или ќесичка ванилин шеќер)

150 г ситно искршени или мелени бисквити

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере на тивок оган ставете ги боровинките, шеќерот, циметот и водата. Варете со постојано мешање околу 10 минути додека боровинките омекнат, пред да почнат да се распаѓаат. Не оставајте смесата да зоврие. Кога ќе биде готово оставете го слаткото да се излади целосно, потоа ставете го во тегла во фрижидер.
  2. Во длабок сад изматете ги со миксер павлаката за готвење, кондензираното млеко и ванилата. Матете 5-10 минути за да добиете цврста конзистенција.
  3. Од изматената смеса сипете еден слој во сад за замрзнување, врз неа истурете слој од слаткото од боровинки, а врз нив распоредете кршени бисквити. Продолжете да редите слоеви додека да се наполни садот. Замрзнете го сладоледот 12 часа или преку ноќ.
  4. Послужете го сладоледот во корнет или во чинивче декориран со слатко од боровинки и бисквити.

На здравје!

Слични написи

Мока кафе со какао

Biba

Колаче со лимон

Biba

Печени пиперки во сос од лук

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.