Н’голо Канте е момчето кое ја постави Франција на тронот

 

Н’голо Канте, играч од средниот ред на репрезентацијата на Франција, еден од најдобрите играчи на светот, момчето кое речиси не прекинува со трчање кога и да е на теренот, но и момчето чија изјава многу ретко можете да пронајдете во медиумите.

Всушност, со огромната плата која ја заработува, може да си дозволи и авион, или кое било друго превозно средство, а тоа да не биде автомобил.

Дека навистина е таков каков што го опишуваат, можевме да се увериме и на ова Светско првенство, каде со Франција го освои најзначајниот трофеј и стана светски првак.

Не сакаше да ги прекинува соиграчите, кои наизменично се фотографираа со големиот пехар, ниту пак да се наметнува, туку мирно го чекаше својот ред, за на крај на „помош“ да дојде Н’зонзи.

Канте одигра турнир каков што веројатно и се очекуваше од него. Иако не беше играчот кој постојано беше во центарот на вниманието на теренот, тој вредно работеше и го држеше средниот ред „под конец“. Заедно со Погба, беа страшно дуо од средината на теренот, кои на крај своите феноменални партии ги крунисаа со трофеј.

сто така, реномирани француски медиуми, пишуваат дека играчот со потекло од Мали не сакал да ја остави репрезентацијата на цедило, па финалето го играше со стомачен вирус, иако мораше да ја напушти играта во 55 минута, кога го замени токму Н’зонзи.

Франција ја елиминираше Хрватска со убедлив резултат од 4:2. Тој резултат и го донесе трофејот на репрезентацијата на Франција. Канте е најзалужниот за достигнувањето.

 

Don`t copy text!