Технологија

Скафандерите на НАСА се преголеми за женскиот тандем што требаше да оди на вселенска прошетка

 

Првата прошетка во вселената на женскиот тандем на НАСА е привремено откажана за МекКлејн, поради проблеми со вселенските одела.

Кристина Кох и Ен МекКлејн требаше за три дена да вградат нови батерии во Меѓународната вселенска станица.

Од НАСА соопштија дека на вселенската станица има само едно одело со средна големина во делот на торзото и заради тоа било невозможно тандемот заедно да работи.

Кох прошетката и вградувањето на батериите ќе го изврши со нејзиниот колега Ник Хејг, во петок, на 29 март.

Оделата што се користат на вселенската станица се склопуваат од повеќе делови со различни големини, за најдобро да се прилагодат на телата на астронаутите.

До сега, сите обврски на вселенската станица ги извршувале или машки или комбинирано машко-женски тимови.

 

Слични написи

Ранчиња што ги штитат главата и грбот на бебињата

Biba

Од Антарктик се одвојува санта мраз двојно поголема од Њујорк

Biba

SpaceX го носи првиот патник на пат околу месечината

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.