На премиерата на новото дело на Марвел со наслов Avengers Endgame, Скарлет Јохансон се појави на црвениот тепих со целата своја убавина и грациозност, но најмногу внимание привлече со новата тетоважа на грбот.
Јохансон продефилира облечена во тесен сребрен фустан, во кој нејзината фигура дојде до израз. Дизајнот на фустанот ја откри тетоважата на грбот, за која јавноста не знаеше дека постои.
Но, таа приреди уште едно изненадување. Позната по тоа што својот приватен живот го држи во тајност, изненади кога на премиерата се појави со своето момче Колин Јост, ѕвездата на Saturday Night Live.
Во светот на социјалните мрежи кружат коментари дека Јохансон изгледа прекрасно, што се припишува на напорните тренинзи што ги има актерката со нејзините приватни тренери Рајан и Ерик Џонсон.
Како што изјави на последното интервју за E! News, нејзиниот успех се должи на тоа што е веганка и е многу дисциплинирана.