Ретките парчиња накит кои некогаш ѝ припаѓале на Марија Антоанета, а не се видени во јавноста веќе 200 години, во ноември ќе се најдат на продажба. Накитот во моментов го поседува италијанската војводска куќа Бурбон-Парма, а ќе го продава женевскиот Сотби на 14 ноември.
Марија Антоанета е последната француска кралица пред Октомвриската револуција, која ја изгуби главата на гилотина во 1793 годна, на возраст од 37 години.
Најскапо парче во колекцијата е ѓерданот од природен бисер, проценет на 2 милиони долари. Ќе се продаваат и други нејзини ѓердани, обетки и прстени.
“Таа ја претставува префинетоста на тогашниот “француски режим”. За неа се врзани романсите и магијата на тоа минато време”, изјави Andreas White Correal. “Тоа е продажба на XXI век. Како ќе ја надминете Марија Антоанета?”, додава Correal.
Кога Марија Антоанета се обидела да избега од Француската револуција во јуни 1791 година, кралските скапоцености биле прокриумчарени надвор од земјата, во Брисел. Оттаму се пратени на нејзините роднини во Австрија.
На продажбата во Женева ќе се најде и малку накит од нејзината мајка Марија Тереза и нејзиниот татко Франц I.