Психологија

Семејниот ручек има повеќе предности за вашето семејство

 

Современите семејства заради брзото темпо на животот сè поретко јадат заедно, што носи многу негативни последици, тврдат научниците.

Американските истражувачи препорачуваат задолжително да најдете време за заеднички оброци со семејството, затоа што тоа влијае позитивно на прехранбените навики и го намалува стресот меѓу членовите на семејството.

„Најефикасната работа која родителите можат да ја направат за своето семејство е да одвојат 20 минути, три до пет пати неделно, за меѓусебно да разговараат за време на ручекот“, вели Барбара Х. Фисе од Универзитетот на Илиноис.

Нејзиното истражување укажува на неколку конкретни позитивни ефекти од семејниот оброк:

  • Тинејџерите кои пет или повеќе пати неделно јадат со своето семејство се помалку склони кон пушење цигари и марихуана
  • Децата кои редовно учествуваат во семејните оброци имаат побогат вокабулар и повисоки академски постигнувања
  • Честите заеднички оброци ги заштитуваат децата од дебелина, а адолесцентите од нарушувања во исхраната
  • Заедничките оброци го намалуваат проблематичното однесување кај малите деца
  • Тинејџерите кои често јадат со семејството, јадат почесто овошје и зеленчук
  • И на крајот, домашно подготвената храна содржи помалку калории и маснотии, и е многу поздрава од брзата храна

 

Слични написи

Како да ги препознаете енергетските вампири

Biba

Заблуди поврзани со анксиозноста

Biba

Сиромашните луѓе сочувствуваат повеќе отколку богатите

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.