Сексот во функција на убавината

 

Редовниот секс има бројни предности. Влијае позитивно не само на психичкото и физичкото здравје, туку и на убавината. На вашата кожа и коса им дава сјај, а во телото ослободува хормони кои влијаат позитивно на здравјето и расположението, што исто така, влијае и на убавината.

Со редовен и добар секс вашата кожа и коса ќе имаат блескав и здрав сјај. Сексот ја подобрува циркулацијата која носи повеќе кислород во кожата, а хормонот окситоцин кој се ослободува за време на водењето љубов и оргазмот ги обновува клетките на кожата и го одржува нејзиниот здрав изглед. Освен тоа, редовното водење љубов поттикнува и поголемо производство на колаген, кој ја прави кожата еластична и цврста.

Редовниот секс е клуч за долговечност и младешки изглед. Сексуалните терапевти потсетуваат на бројните истражувања кои покажуваат дека редовниот секс ослободува ендорфин, заради кој кожата произведува витамин Д, кој влијае на младешкиот изглед.

Благодарение на серотонинот кој го регулира расположението и прави да се чувствувате задоволно и среќно, сексот има функција и на антидепресив. Освен тоа, оргазмот и редовната сексуална активност ослободуваат феромони кои ве прават привлечни за спротивниот пол.

Во текот на оргазмот во телото се ослободува висока доза окситоцин кој го намалува нивото на кортизол (хормон на стресот). За време на сексот во телото се лачат сите хормони кои влијаат позитивно на здравјето и на расположението. Допаминот ви дава сила и ви ги зголемува амбициите, окситоцинот ве опушта, ве прави љубезни и трпеливи, а ендорфинот го намалува стресот и создава чувство на восхитеност.

Сексот е и одличен метод за согорување калории. За време на едно водење љубов се согоруваат околу 150 калории, затоа што при таа активност постојано се активни мускулите на бутовите, рацете, нозете, рамениците и долниот абдомен, што е еднакво на вежбање.

 

Копирањето на содржината е забрането!