Популарната Џенифер Лопез на својот Јутјуб канал го објави спотот за својата нова песна “Medicine”, која ја изработи заедно со раперот Френч Монтана.
Аудио изданието на песната беше на 3 април и тоа е трета соработка на Лопез со Монтана, заедно со песните “Same girl” и “I luh ya papi”.
“Сакам да соработувам со луѓето од Бронкс. Се чувствувам како дома. Едноставно, тука проработува посебна врска”, изјави Лопез за соработката со Френч Монтана.
Во спотот таа ги покажува своите танцувачки способности, но и своето прекрасно дефинирано тело.