Здравје

Секој чај е наменет за соодветна болка

 

Ако спаѓате во оние луѓе кои пијат чај само кога се настинати или ги боли нешто, правите голема грешка. Чаевите можат да помогнат кај многу тешкотии, како што се проблем со апетитот, несоница или главоболка.

Ова е доволна причина секојдневно да пиете чај, а изборот да го направите според вашиот вкус или според здравствениот проблем кој одреден чај го санира.

Камилица. Делува смирувачки и се користи против несоница, ги ублажува болките во желудникот и симптомите на лоша дигестија, има аналгетско дејство, ублажува воспаленија на непцето, грлото и крајниците.

Маточина. Ја ублажува надуеноста, делува благотворно на срцето, ублажува вртоглавица кај бремените жени, смирува, го зајакнува срцето, има антибактериско дејство, го подобрува варењето, има антивирусно дејство.

Жалфија. Го регулира потењето, го неутрализира вирусот на грип, ублажува воспаление на непцето и на грлото, има антибактериско дејство, смирува, ја прочистува крвта, помага во работата на желудникот и цревата.

Бел слез. Се препорачува против воспаленија на дишните органи и ждрелото, помага за исфрлање на секрет од белите дробови, а делотоворен е и против дијареа и болести на уринарните патишта.

Шипка. Содржи многу витамиц Ц, ублажува и спречува инфекција на бешиката, помага при дијареја и дехидратација, го намалува крвниот притисок, ја подобрува работата на црниот дроб, ги намалува грчевите во стомакот и желудечната киселина.

Мајчина душичка. Се користи при лекување бронхитис и кашлица, има силно дезинфекциско дејство, добар е против цревни паразити, ублажува настинка, го подобрува варењето, смирува.

Нане. Делува поволно на функцијата на црниот дроб и на жолчката, помага при мигрена, ги ублажува симптомите на херпес, смирува болки во желудникот и надуеност, ги олеснува менструалните тегоби, го подобрува апетитот.

Увин чај. Ублажува тегоби настанати од воспаление на уринарните патишта и во тој случај се препорачува да се пие што повеќе за да се “исплакнат” уринарните патишта и да се ублажи проблемот.

Ајдучка трева. Го подобрува апетитот, го убрзува крвотокот, помага кај некои нарушувања на работата на срцето, ја регулира работата на бубрезите, намалува болки во желудникот и надуеност, ја регулира столицата.

Босилек. Ја ублажува главоболката, смирува, се применува кај болести на уринарните патишта, добар е против несоница, лекува воспаление на цревата и на желудникот, ја нормализира менструацијата.

Липа. Смирува долготрајна кашлица, го стимулира потењето, го подобрува имунитетот, ублажува настинки, грип и респираторни заболувања, ги чисти бубрезите и крвта, опушта и смирува, помага при несоница, ја подобрува столицата.

 

Слични написи

Студија открила докази за постоење на микропластика во човечкото тело

Biba

Намирници кои имаат многу долг рок на траење

Biba

Причини поради кои треба да ги избегнувате рафинираните намирници

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.