Севиља – срцето на Андалузија

 

Севиља се смета за еден од најраскошните градови во Шпанија, и покрај Мадрид, туристите често се решаваат за посета на ова прекрасно место во срцето на Андалузија. Прекрасните историски зданија, вонсериската храна, фламенкото, се само некои од причините да се посети овој преубав град.

Древните улици секоја година ги одат барем 2 милиони туристи. Престолнината на Андалузија се наоѓа во близина на приморски одморалишта и поради тоа има прекрасна атмосфера.

Еве некои од причините зошто треба да го посетите ова прекрасно место.

  • Историските зданија – Ретки се сликите во кои не е вклучена градската катедрала. Дури и да не сте верник, таа ќе ве остави без здив само заради нејзината големина. Таа и понатаму претставува најголемата катедрала од кога е изградена во XVI век. Севиља била местото за одмор на познатиот морепловец Кристофер Колумбо.

  • Храна – Според локалните легенди, тапасот е создаден во локален бар во Севиља. Легендата зборува дека келнерите користеле чинија за да го заштитат пивото од мувите, сè до моментот кога сфатиле дека можат да го користат и за послужување на шунка, сирење и маслинки.

  • Танц – Севиља е родното место на фламенкото. При посета на овој град можете да поминете неколку моменти во учење на основните чекори на овој танц. Ако пак се решите само да го гледате танцот и танчерите, посетете го барот Flamenco del casa во кој танцуваат најдобрите танчери на фламенко.

  • Real Alcazar – Тоа е една од најраскошните кралски палати во цела Шпанија. Изградена е во X век, а внатре во палатата се наоѓа зелена оаза која е изградена по урнек на арапската архитектура. Интересно е да се истакне дека во неа е сниман и серијалот Game of thrones.

  • Museo de Bellas Artes – Претставува место каде може да се запознаете со историјата на уметноста. Воглавно, музејот се фокусира на уметници од XVII век, познато како златното доба на Севиља.

 

Забрането е копирање на текстот!