Французинот Ликас Хернандез по освојувањето на титулата на светското првенство во Русија, доби понуда од Манчестер Јунајтед за плата дупло поголема од сегашната.
Станува збор за 22-годишниот лев бек, роден во Марсеј, но уште како дете стигнал во Мадрид и ја поминал школата на Атлетико. Од 2014 година игра за сениорската екипа на Атлетико.
Стандарден првотимец Хернандез станува минатата сезона, што му донело повик од Дидие Дешамб, селекторот на француската репрезентација да игра на светското првенство во Русија.
Играта на Хернандез ги импресионирала богатите сопственици на фудбалски клубови, а Манчестер Јунајтед излезе со директна понуда за него од 80 милионии евра отштета за Атлетико и плата дупло поголема од сегашната.
На Олд Трафорд беа убедени дека Хернандез ќе ја прифати понудата, но Хернандез ги шокираше со изјавата дека ќе си остане во својот сегашен тим.
Реткост во модерниот фудбал.