Свежа овошна тирамису торта

 

Потребни состојки:

3 чаши боровинки, јагоди и грозје (или друго сезонско овошје)

2 чаши свежо исцеден сок од мандарини

1 мандарина на парчиња за декорација

4 лажици шеќер

3 јајца

300 г маскарпоне

200 г пишкоти

ливчиња свежо нане за декорација

Начин на подготовка:

  1. Исчистете ги и исечкајте ги јагодите. Во еден сад измешајте 2 чаши боровинки, јагоди и грозје, додајте 1/4 чаша сок од мандарини, 1 лажица шеќер и оставете го садот на страна.
  2. Во друг сад со миксер изматете 3 жолчки со останатите 3 лажици шеќер, да добиете густа и кремаста конзистенција. Потоа во садот постепено додавајте маскарпоне и мешајте со дрвена лажица да се изедначи смесата. Во оваа смеса ставете 2 чаши од мешаното овошје со сок од мандарини (од точка 1.) и нежно измешајте.
  3. Во длабок сад со миксер изматете ги белките да добиете цврста смеса. Потоа оваа смеса постепено додавајте ја во смесата со маскарпоне и нежно мешајте со лажица додека сè да се изедначи. Тргнете го садот на страна.
  4. Исцедениот сок од мандарини ставете го во мал и широк сад, во него ќе ги потопувате пишкотите. Дното на длабоко правоаголно тавче намачкајте го со кремата маскарпоне во тенок слој. Пишкотите потопувајте ги во сокот од мандарини (колку само да се наводенат), но не ги оставајте да се впие сокот, туку веднаш вадете ги и редете ги една до друга над првиот слој маскарпоне.
  5. Врз слојот пишкоти намачкајте уште еден слој маскарпоне крема. Потоа наредете уште еден слој пишкоти, па врз нив намачкајте уште еден слој од кремата со маскарпоне. Потоа тавчето покријте го алуминиумска фолија и оставете го во фрижидер најмалку 3 часа или подобро преку ноќ.
  6. Кога тортата ќе биде подготвена за сервирање декорирајте ја со преостанатата една чаша мешано овошје, со парчиња мандарина и со свежи ливчиња нане.

На здравје!

 

 

Забрането е копирање на текстот!