Има пријатели кои се многу повеќе од тоа, но можеби не се свесни, бидејќи не ги препознаваат јасните сигнали што си ги испраќаат еден на друг.
Внатрешна комуникација
Обожавате да се шегувате во друштво, но така што само вие двајца се разбирате, додека другите се обидуваат да сфатат за што, всушност, се работи. Некои вицови и шеги се смешни само за вас, а и прекарите кои си ги давате еден на друг ги разбирате само вие.
Допири
Ниту еден допир меѓу вас не е случаен, затоа што еден од вас навистина го сака тоа, а можеби дури и двајцата. Сепак, како пријатели, ова се за вас само „случајности“ кои ве задоволуваат. Колку почесто, толку подобро.
Телефон
Освен честите телефонски повици кога и каде повторно ќе се сретнете, имате голема потреба и желба постојано да испраќате пораки и да ја информирате другата страна за вашата моментална активност или за шегата што тукушто ја слушнавте.
Нетрпеливост
Се обидувате да заспиете, но сè уште потајно се надевате дека телефонот ќе заѕвони. Кога се будите веднаш го фаќате телефонот за да слушнете како поминала ноќта на другата страна, дали имало интересни соништа, какви се плановите за денес и слично.
Ако се препознавте во овој текст јасно ви е дека не сте само пријатели, туку нешто многу повеќе од тоа. По првиот бакнеж сè ќе ви биде многу појасно.