Потребни состојки:
4 чаши измиен млад спанаќ
4 чаши измиена и крупно исечкана крцкава марула
1 чаша исечкани печурки
220 г сланина, испржена и искршена на парченца
Прелив:
1/4 чаша вински оцет
1/4 чаша исечкан црвен кромид
3 лажици шеќер
3/4 лажичка сол
1/4 лажичка сенф
1/2 чаша масло од репка
1 лажичка семе од афион
Начин на подготовка:
- Во голем сад искомбинирајте ги спанаќот, марулата, печурките и сланината.
- Во блендер ставете ги оцетот, кромидот, шеќерот, солта и сенфот. Блендајте со постепено додавање на маслото во тенок млаз. Преливот префрлете го во сад за сервирање и додајте го семето од афион во него.
- Салатата поделете ја во шест чинии за сервирање и одозгора полејте ја со преливот.
На здравје!