Select Page

Русите го пратија Федор во вселената

Русите го пратија Федор во вселената

 

Утрово од космодромот Бајконур Русите ја лансираа ракетата Сојуз 2.1, а нејзината мисија е тестирање на новиот мотор и товарното летало. Покрај оваа задача, ракетата со себе го носи Федор, првиот хуманоиден робот, кој има мисија да изврши повеќе задачи на МВС (Меѓународната вселенска станица).

Станува збор за тестирање на носечката капсула која до сега носеше само сателити во орбитата на Земјата. Во овој случај таа е доставно возило за Федор, кој е поставен на пилотското седиште.

Федор со себе носи посебно подготвени податоци за членовите на МВС, и кога ќе пристигне на станицата ќе изврши трансмисија на податоци поврзани со летот и времето поминато на Сојуз.

Покрај тоа, Федор за времето што ќе го помина на МВС ќе изврши 5-6 комплексни задачи кои засега се држат во тајност.

Неговото пристигнување на МВС е планирано во недела.

 

 

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.