За само три месеци во Јувентус, Роналдо успеа да се наметне како вистински лидер. Тоа го постигна со неговата работна етика. Секогаш прв доаѓа на тренинзите и ревносно тренира.
Неговите соиграчи се воодушевени од принципот по кој се раководи Роналдо.
Дефанзивецот на Јувентус, Челини, вели дека е воодушевен од работната култура на Роналдо. Вели дека со неговиот принцип на дисциплина, Роналдо е фудбалер кој може да биде активен и до четириесетгодишна возраст.
Договорот што го потпиша Роналдо со Јувентус е до 2022 година, кога ќе има 37 години.
Според некои извештаи, се очекува по завршувањето на договорот со Јувентус, Роналдо да замине во САД и таму да ја заврши кариерата.