Спорт

Роналдо купи медиумска компанија која ја тужеше 11 пати

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо реши да направи нов деловен потфат купувајќи ја медиумската компанија Кофина медиа, а интересно е што претходно 11 пати ја тужел

Според неофицијални информации, Роналдо одвоил дури 57 милиони евра за купување на Кофина Медиа, а со првиот потег што го направил ги освоил срцата на вработените.

Имено, веднаш решил на секој работник да му врачи чек од 1.250 евра.

„Вработените беа известени по електронска пошта за исплатите, а тоа беше знак на благодарност што се дел од оваа голема компанија“, пишуваат португалските медиуми.

Претходно, новинарите на оваа португалска куќа често „копаа“ по приватниот живот на фудбалерот, поради што тој дури 11 пати ги тужеше. На крајот решил да ја купи целата компанија и да ги реши сите проблеми.

„Единствената промена ќе биде името на компанијата. Сега ќе се вика Expressao Livre. Засрамени сме од сето она што се случи, но никој не се плаши дека ќе остане без работа. Свесни сме дека често го малтретиравме, но тој ја разбира нашата работа. Ннашите спортски новинари се среќни“, изјавил упатен од Кофина Медиа.

Слични написи

РК Работнички со нова победа

admin

Јирген Клоп казнет со 45.000 фунти

Biba

Реал Мадрид со фонд од 500 милиони евра ќе го прави најмоќниот тим на сите времиња

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.