Select Page

Ролат со мармалад

Ролат со мармалад

 

Потребни состојки:

500 г брашно

25 г свеж квасец (половина коцка)

250 мл млеко

100 мл масло

2 јајца

4-5 лажици шеќер

1/2  лажичка сол

за полнењето мармалад по ваш избор

за премачкување на тестото 1 жолчка и малку масло

Начин на подготовка:

  1. Разматете го квасецот во 250 мл млако млеко заедно со 1 лажица шеќер и оставете го да нарасне десетина минути. Во сад ставете го брашното и во него ставете ги нараснатиот квасец, јајцата, маслото, шеќерот и солта.
  2. Измешајте ги состојките да се соединат и замесете тесто на набрашнета површина. Потоа поделете го тестото на два дела, покријте го и оставете го да нарасне 30-45 минути.
  3. Кога убаво ќе нарасне, првото парче исукајте го потенко и премачкајте го со мармалад. По желба, во оваа фаза врз мармаладот можете да наросите мелени или сечкани ореви.
  4. Завиткајте го тестото во ролат, ставете го во подмачкано тавче и премачкајте го одозгора со жолчка помешана со неколку капки масло. Истото направете го и со второто парче тесто.
  5. Ролатите печете ги на температура од 200 степени Целзиусови околу 45 минути. Кога ќе се испечат, ролатите уште жешки испрскајте ги со вода и покријте ги со крпа малку да се оладат. Потоа наросете ги со шеќер во прав и можете да ги декорирате со мармалад.

На здравје!

 

Наши пријатели

Патување низ времето

Follow Us

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.