На свет дојдоа првите лавчиња добиени со вештачко оплодување.
Оваа информација дава надеж за опстанок на загрозените видови.
Првите лавови чија мајка е вонтелесно оплодена се родени во резерватот за проучување и зачувување на дивиот свет “Ucutula” во Јужна Африка. Тој потфат го извеле научниците од Универзитетот во Преторија, а двете млади лавчиња биле родени пред една недела и се среќни и здрави, пренесува The Times.
Научниците се надеваат дека оваа метода ќе овозможи опстанок на загрозените видови на мачки, како тигар, леопард и либериски рис.
Сопственикот на резерватот Вили Џејкобс во својата изјава вели:
“Тие се во секој поглед совршени новороденчиња. Среќни се, здрави, разиграни, а ние сме пресреќни”
Изабел и Виктор се имињата на двете новородени лавчиња, а со останатите лавови ќе бидат запознаени дури откако ќе пораснат и зајакнат.
https://www.facebook.com/UnivofPretoria/photos/a.434954739875680/1844465145591292/?type=3