Спорт

РК Работнички како Феникс се издигнува и цели кон Македонската Супер лига

Работнички, еден од најстарите Македонски ракометни клубови од оваа сезона повторно ќе стартува и ќе се обиде да застане цврсто на нозе. Од престојната сезона со нова управа, помош од општина Центар и неколку нови спонзори ќе се натпреварува во групата „1“ од Првата лига заедно со екипите на Гевгелија, Тиквеш, Младост, Преспа, Рудар, ЦЕМС, Гевгелија, Металург РА. На списокот, Работнички има над 20 ракометари кои веќе тренираат во Скопје. Поголемиот дел од ракометарите се од Вардар и нивните школи, но има и ракометари од Прилеп и од други ракометни центри.

Во составот се и двајца интернационалци, поранешните украински репрезентативци Олег Кумогорoдски и Димитро Пољак. Најголемиот проблем, квалитетен голман ќе го решаваат со интернационалец од Иран.

„Целта ни е Супер лига. Комплетиравме добар тим, кадарен да ги исполни нашите цели, засилен со двајца поранешни репрезентативци на Украина. Екипата ќе ја води Ристо Трпчевски – Буцо, а ќе му помага Слободан Чивлачки. Ќе играме во ‘Кале’, тренираме во Скопје и овде ќе ги одработиме комплетните подготовки. Во јуниорска конкуренција ќе се натпреваруваме како Работнички – Шампион, а соработуваме со неколку ракометни школи“, изјави генералниот менаџер на тимот Агрон Хајредин.

Слични написи

Светски првак одби дупло поголема плата

admin

Шутот на Герет Бејл што го насмеа фудбалскиот свет

Biba

Барса со нови дресови

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.