И на денешниот натпревар во Гевгелија против РК Партизан, ракометарите на РК Работнички рутински одиграа и извојуваа победа. Низ целиот натпревар беа неприкосновени на паркетот и извојуваа висока победа со дури 23 гола разлика. РК Партизан – РК Работнички 14:37, со резултат на полувреме 6:18.
Со денешната висока победа Работнички е уште еден чекор поблиску до влезот во Супер лигата.
На денешниот натпревар за РК Работнички головите ги постигнаа: Стефан Николовски 13 голови, Армен Садиковиќ 7 голови, Никола Димитров 7 голови, Бојан Љубевски 5 голови, Олег Кумогородски 2 гола, Мартин Димовски 2 гола и Дмутро Полиак 1 постигнат гол. Комплетната екипа денес продолжи да го дава својот максимум и со тоа дадоа голем придонес за победата во Гевгелија.
За РК Партизан головите ги постигнаа: Тодор Узунчев 5 голови, Горан Камчев 2 гола, Димитар Вегов 2 гола, Ѓорге Мандалов 2 гола, Џоко Јанев 2 гола и Димитар Узунчев 1 гол.