Популарната пејачка од Барбадос која заплови и во водите на модата, ја претстави својата нова колекција на долна облека со наслов Valentine’s day.
Специфично е тоа што колекцијата на Ријана е со релативно ниски цени и ја има и во поголеми броеви.
За презентирање на некои од моделите учествуваше и самата таа. Позираше во розев комплет кој на одредени специфични позиции на гаќичките имаше детали во форма на срце. Носеше и црвени високи ракавици и венче за коса со пердуви.
Valentine’s day колекцијата на Ријана содржи градници, гаќички, мрежести чорапи и бодија.
Колекцијата – како што кажува и насловот – е наменета за Денот на вљубените, а цената на производите се движи од 20-68 долари.