Здравје

Ризикот за инфаркт предизвикан од пушењето е поголем кај жените

 

Пушењето го зголемува ризикот од инфаркт и кај мажите и кај жените на сите возрасти, но кај жените тој ризик е значително поголем во споредба со мажите, особено кај жените помлади од 50 години, според студија објавена во “Journal of the American College of Cardiology”.

Во претходни истражувања истражувачите утврдиле дека пушењето е фактор на ризик за сите срцеви заболувања, а во 50 % од случаите било причина за срцев инфаркт.

Британски научници користеле податоците добиени од 3300 пациенти кои претрпеле срцев удар. Пушењето било причинител кај дури половина од пациентите, а зголемување на ризикот е утврдено и кај мажите и кај жените, независно од возраста.

 

 

Жените на возраст од 18 до 49 години имаат дури 13 пати поголем ризик од срцев удар во споредба со нивните врснички кои не пушат, а кај мажите тој ризик е зголемен за 8,6 пати. Освен за срцев удар, ризикот е зголемен и за други срцеви болести, како васкулитис, вазоспазми, коронарна артериска болест и други.

Дополнителниот ризик кај жените научниците го објаснуваат со намаленото лачење на хормонот естроген кој ги штити артериите од атеросклероза – таложење на маснотии, холестерол и други супстанци на ѕидовите на артериите, што го намалува и ограничува протокот на крв низ артериите, кои кај жените се потенки отколку кај мажите. Пушењето го блокира нормалното излачување на естроген, што ги стеснува артериите и предизвиква атеросклероза.

Добрата вест од истражувачите е откритието дека овој ризик може значително да се намали со откажување од цигарите.

 

Слични написи

Како да го подготвите телото за бременост

admin

Кафе или чај: како да одлучите што да се напиете

Biba

Киви – тајните на суперовошјето

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.