Доколку сте љубители на пржена риба, а веќе имате подготвен рецепт за деновите кои се пред нас, еден трик ќе ви помогне да ја направите крцкава и вкусна, без притоа да впие многу масло.
Ова ќе го направите со една состојка со која ќе го замени брашното, а која повеќето ја имаат во кујната – густинот. Густинот или пченкарен скроб ќе направи заштитна обвивка околу рибата, така што таа ќе биде крцкава и нема да биде мрсна.
Потребни состојки:
1 кг риба по избор
200 г густин
3 лажички сол
1 лажичка бибер
1 лажичка лук во прав
други зачини по вкус
масло за пржење
Начин на подготовка:
- Еден ден порано или неколку часа пред пржењето исечете ја рибата на парчиња, посолете ја како и обично и ставете ја во фрижидер.
- Густинот, биберот, лукот, една лажичка сол и други зачини по избор измешајте ги заедно во широк сад.
- Во подлабок сад сипете поголема количина масло за да може рибата да „плива“ во него, па добро загрејте го. Секое парче риба убаво извалкајте го во смесата со густин и пржете го во врелото масло. По потреба вртете ги парчињата за да се испржат рамномерно од сите страни.
- Рибата послужете ја со компири или салата по ваш избор.
На здравје!