Иако не присуствуваше на доделувањето на наградата Оскар, Адел се појави на забавата по завршувањето на свеченоста. Беше облечена во тесен фустан со леопардов дезен и со широка насмевка.
Од извори на People Magazine британската пејачка била расположена и весела и танцувала со останатите гости.
Откако реши да се разведе, исто така реши и да го смени својот живот. Се посвети на активно тренирање и на намалување на килограмите.
Според изворот на People Magazine, тоа што Адел го направи е повеќе од намалување на килограмите – таа постигна да се чувствува добро, задоволна од себе и да биде подобра мајка. Тоа е она што Адел го посакувала.