Потребни состојки:
2 жолчки
1 лажица сок од лимон
1 лажица (или помалку) алкохолен оцет
1 лажичка сенф
3/4 лажичка сол
1/8 лажичка шеќер
1 чаша растително масло по ваш избор
1/2 чаша маслиново масло
бибер и други зачини по вкус
Начин на подготовка:
- Со рачен блендер: Ставете ги сите состојки во висок и тесен сад. Рачниот блендер спуштете го на дното во садот (кај што се жолчките), и 5-6 пати блендајте со кратки пулсови од по една секунда. Кога ќе почне да се формира густа бела емулзија на дното од садот, изматете ја целата смеса со блендерот додека да стане густа и кремаста.
- Со обичен блендер: Сите состојки освен маслото ставете ги во блендер и додека смесата се мати многу полека во тенок млаз сипувајте го маслото. Блендајте додека да добиете густ и кремаст мајонез.
На здравје!