Здравје

Редовното јадење риба го намалува ризикот од инфаркт

Редовното консумирање риба е поврзано со намалување на ризикот од срцев удар, утврдиле научици од Харвард во своето клиничко истражување кое е објавено во New England Journal of Medicine.

Позитивниот ефект од јадењето риба бил видлив и кај здрави лица и кај лица кои имале ризик фактори за срцев удар.

Најизразено намалување на ризикот било присутно кај лица кои јаделе риба богата со масти, утврдено е со анализа на податоците за околу 8000 учесници во истражувањето.

Овие резултати истражувачите ги објаснуваат со делувањето на омега-3 масните киселини, кои се познати по тоа што ги намалуваат концентрациите на триглицериди во крвта и го намалуваат ризикот од воспалителни процеси во организмот.

Освен тоа, омега-3 масните киселини го намалуваат и згрутчувањето на крвта и придонесуваат за стабилизација на срцевиот ритам.

Слични написи

Како да го спречите напрегањето на очите

admin

Треба ли да се вари свежото млеко?

admin

Корисноста од матичниот млеч за децата

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.