Спорт

Рафа Надал реагираше емотивно по освојувањето на US Open

 

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го победи Даниел Медведев во финалето на US Open со резултат 3:2 и со тоа ја освои својата 19-та Grand Slam титула, а потоа потполно емотивно се сруши од возбуда.

Не можеше да ги скрие солзите за време на церемонијата на доделување на трофејот во моментот кога на големиот екран беше прикажано видео од сите негови освоени титули.

Рафа го гледаше видеото и ги бришеше солзите, а во еден момент од трибините се слушна скандирање на неговото име, што дополнително ги зголеми емоциите. Тој од порано е познат по емотивните реакции, знае да пушти солза, но се чини дека ова му беше најемотивното издание досега.

Со оваа победа дојде до својата четврта титула на US Open.

На вечната листа Федерер му бега само со една титула, додека Ѓоковиќ заостанува со 3 титули.

 

 

 

Related posts

Започна 26-тото Светско ракометно првенство со победа на Германија над обединетиот тим на Северна и Јужна Кореја

admin

Интер го сруши рекордот во продажба на билети

admin

Хрватите го освоија третото место на СП во Катар

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.