Доскорешниот прв рекет во светот Рафаел Надал, изјавува дека тенисот како спорт се наоѓа во опасност, од едноставна причина што генерално сè се сведува на силата и сервисот. Вели дека во годините што следат тоа може да претставува голем проблем.
Предлогот што го дава Надал е едноставен: да се укине можноста за втор сервис. Со тоа би се калкулирало повеќе за сервирање со екстремна сила.
Тој едноставно вели:
“Тенисот се движи во погрешна насока. Играчите се сè посилни и ако во догледно време не се најде модус за ова, тенисот ќе се сведе на чиста сила и сервис, а тоа може да биде прилично опасно. Немам некое конкретно решение, но размислувам за тоа дека може да се укине правилото на втор сервис, и со тоа би се намалила употребата на силни и брзи сервиси”.
Заради повреда на коленото, Надал беше принуден да го пропушти Мастерсот во Париз, поради што ќе го изгуби првото место на АТП листата.