Ракометарите на Работнички своето срце и дух, освен на теренот, го вложуваат и во хумани цели.
Вчера, 03.12.2018, година претставници на екипата на РК Работнички ги посетија дечињата хоспитализирани на Инфективната клиника во Клиничкиот центар Мајка Тереза – Скопје.
Целта на оваа посета беше да им се олесни престојот на дечињата на клиниката, да се орасположат и насмејат. Ракометарите на децата им подарија играчки и мечиња.
Посетата помина во весело расположение, со многу детски насмевки и радосни срца.
Клубот Работнички им се заблагодарува на главната сестра на Инфективна клиника Зорица Љубициќ и на физиотерапевтот Велимир Тричковски, за топлиот пречек.